Бајден: Епидемијата на сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени!

„Епидемијата на сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени“. Ова го изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден и додаде дека американските здравствени власти размислуваат за потенцијални терапии и вакцини.

„Ние сме многу ангажирани и се обидуваме да најдеме начини да дејствуваме“ – рече Бајден пред новинарите во Јужна Кореја, пред да замине за Јапонија, следната станица на неговата азиска турнеја.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека работи на дополнителни насоки во врска со епидемијата на оваа болест, за ублажување на ширењето на мајмунски сипаници, поради загриженоста дека бројот на случаи може дополнително да се зголеми во текот на летните месеци.