Бајден до Путин: Не прифаќам никакви црвени линии

Претседателот на САД Џо Бајден вчера преку видео конференциска врска разговараше со својот руски колега, Владимир Путин.

Медиумите во САД пренесуваат дека нивниот разговор започнал со изрази на учтивост, но следувала пораката од Кремљ до САД да ветат дека нема да дозволат Украина да влезе во НАТО.

Бајден, пак, во петокот рече дека САД немаат намера да потклекнат на никакви руски барања.

„Не прифаќам никакви црвени линии“ рече Бајден.

Американскиот претседател изразил поддршка за територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и повикал на деескалација и прибегнување кон дипломатија.

Двајцата претседатели разговарале 2 часа.

Информациите по средбата се дека целта на Бајден не се променила од самиот почеток – да не ескалираат тензиите со Русија, туку „да се придвижат кон постабилен терен во односите“.

Доброупатени руски извори укажуваат дека е малку веројатно да се случи воен напада на Русија врз Украина, и потенцираат дека она што моментно се говори во САД е „пропаганда подготвена од јастреби во американската армија“.