Љуљзим Баша – лидерот на албанската опозициска Демократска партија ден по одржувањето на Народното собрание преку видеопорака порача дека демократите ја избрале иднината, а не минатото.
„Она што се случи по 9. септември несомнено почна да не менува. И денес избираме да се смениме на подобро. Оти што ќе биде денес Демократска партија, утре ќе биде Албанија. Затоа, ова Собрание се одржа како свесен чин, на висока одговорност од страна на Демократската партија во зна чаен, суштински момент. Ова вонредно Собрание го свикавме за да одлучиме појасно од кога било и сакав да слушнам повеќе од кога било од делегатите: Ќе ја избереме ли иднината? Дa“ – вели Баша.
Нa вчерашниот референдум за разрешување на Баша, „за“ се изјасниле околу 44 илјади демократи, од вкупно 75 илјади, додека пак Националното собранието донесе одлука со која Бериша е исклучен од сите партиски структури.