
Банката на Русија во 2023 година забележа профит за прв пат по седум години
Банката на Русија (БР) денеска објави дека во 2023 година забележала добивка за прв пат по седум години.
Приходите на руската централна банка минатата година изнесувале 859,3 милијарди рубљи, а расходите 718,9 милијарди рубљи, што значи дека 2023 година завршила со добивка од 140,4 милијарди рубљи или околу 1,4 милијарди евра, пренесува Комерсант.
Во извештајот на Банката на Русија се наведува дека главен фактор во остварувањето на добивката во 2023 година била „позитивната ревалоризација“ на хартиите од вредност.