Додик: Независноста на Српска е се поверојатна

Независноста на Српска станува се поверојатна затоа што муслиманите ја урнаа Дејтонската Босна и Херцеговина и ја напуштија уставната рамка, вели претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Следните месеци ќе бидат клучни“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.

Српска, посочува, ќе ја зачува независноста и ќе зајакне.