Ахмети имал средба со Курти во Приштина

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети имал средба со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина, а на средбата се разговарало за ситуацијата со пандемијата во Северна Македонија и Косово, состојбата во здравствените установи и олеснувањето на рестриктивните мерки, како во двете држави, така и при минувањето на меѓусебната граница.

Од ДУИ соопштија дека на средбата станало збор и за изградба на патот Тетово – Призрен, како и на автопатот Приштина – Скопје, заедничкото гранично управување, менаџирањето со туристичките центар Попова Шапка и Брезовица, како и за политичката ситуација во регионот и дијалозите меѓу Скопје и Софија, односно Белград и Приштина.

„Двајцата соговорници разговараа и за поврзувањето на нашите два автопати Приштина – Блаце – Скопје, проект со многу приоритети за двете страни и кој се очекува наскоро да биде завршен. Ахмети и Курти договорија и интензивни чекори во однос на заедничкото управување со границата и заедничкото претставување на туристичките капацитети меѓу Попова Шапка и Брезовица“ се вели во соопштението.