На заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ денеска архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање се заблагодари за тоа што СПЦ ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија.
„Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви“ рече архиепископот Стефан.
Тој дополни дека „со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој велелепен Светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот, го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдиме единстовот меѓу нашите две црки, со тоа и фдинството си дите дртуги помесни православни цркви“.
Поглаварот додаде дека затоа „му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение.
„Па, да продолжиме да го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. Затоа да Му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение. Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал“ – порача г.г. Стефан.