„Од прв ден сме мета, да не се дозволи да се направат резултати. Сите работи кои беа ветени за првите 82 дена беа реализирани. Планот е да им помогнеме на граѓаните, се наоѓаме во незавидна ситуација, како резултат на економската, енергетската и здравствената криза. Град Скопје е оставен со огромни долгови, и сега ги решаваме проблемите, а некој се обидува да покаже дека некој овие проекти ги стопира. Владата вети дека проблемите на локалната самоуправа дека ќе закаже состанок, и се уште не сме имале состанок. Многу е неумесно да се повикува на одговорност некој кој само 2 месеци води јавно претпријатие, а кое го преземал со огромни долгови“ – вели во најновото издание на Трилинг градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска.
Арсовска за мерката дека ЈСП го враќа бесплатниот превоз за пензионери потенцира дека „Девастирано е ЈСП, долговите се дуплирани и триплирани“, а на прашање дали скопјани би можело да се случи низ градот да се движат по мрак, низ смет.
„Во локалната самоуправа се луксузирале и Владата одлучила со 50 милиони да им ги намали долгувањата. Сега Владата сопствените обврски треба да си ги сервисира, а не го прави тоа“.
Градоначалничката на Скопје е со став дека „ништо нема да е исто за разлика од пред неколку години.
Во врска со „бетонизацијата“ на метрополата таа вели „нашите ингеренции се лимитирани. По однос на зеленилото си дадовме ветување дека ќе превенираме да се заштити пределот на Водно. Ќе има зазеленување со 100.000 садници на целиот град. Прво и основно, Град Скопје не издава градежни дозволи, тоа го прават градоначалниците на општините, таму се носат и ДУП-овите“.