Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска најави дека македонската метропола на 10. декември ќе започне новогодишно да се украсува.
Информациите од Град Скопје се дека Арсовска побарала компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза.
„Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот“ рече градоначалничката Арсовска.