Омикрон варијантата досега регистрирана во 38 земји во светот

Информациите кои ги споделува Светската здравствена организација (СЗО) се дека новата варијанта на коронавирус – Омикрон досега е идентификувана во 38 земји во светот, но досега е пријавен ниту еден смртен случај.

Од СЗО соопштија дека се потребни неколку недели за да се добие попрецизна слика за потенцијалното влијание на Омикрон варијантата, за да се одреди степенот на заразност, јачината на вакцините, како функционираат тестовите и третманите.

Новата варијанта на вирусот, која СЗО го опиша како загрижувачка, првпат беше пријавена во Африка на 24. ноември.