Тетовското Основното јавно обвинителство поведе постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело „Обљуба врз немоќно лице согласно член 187 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик“, соопштија од ОЈО Тетово.
Оштетената, 15-годишна девојка преку социјална мрежа се запознала со едниот осомничен, 18-годишен жител на скопското село Рашче. Се договорила да се сретнат во Тетово.
„На закажаната средба на 29. јануари, 18-годишникот пристигнал заедно со вториот осомничен, 54-годишен жител на Арачиново. Злоупотребувајќи ја немоќта на оштетената, која била неспособна за отпор, осомничените во периодот од 10 до 16 часот на критичниот ден, на повеќе локации вршеле полови дејствија со неа. Осомничениот 54-годишник е лишен од слобода, додека по другиот осомничен се трага“ – информираат од тетовското Обвинителство.
Доставен е предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифатил предлогот и за двајцата осомничени определен е притвор во траење од 30 дена.
За осомничениот кој е во бегство мерката ќе започне да се применува од денот на неговото апсење.