Димитар Апасиев од Битола истакна дека пред граѓаните стојат три платформи во изборот за претстојните Парламентарни избори:
„Имате три платформи. Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција ВРЕДИ – тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиска платформа зад која што стојат македонските буржујски партии: СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме – тоа е Македонска платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста и државните инсигнии“.
Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава.
На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката!