Анджеј Дуда: Сметајте на поддршката на Полска на патот кон ЕУ интеграцијата
Претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда кој е во официјална посета на Македонија денеска на прес-конференцијата кај македонскиот колега, Стево Пендаровски рече дека неговата земја покажува својата солидарност кон Република Северна Македонија на патот кон нејзиното членство во ЕУ.
„Ваквата солидарност има свои историски корени, најпрво во времето на Граѓанската војна во Грција кога голем број бегалци беа примени во мојата држава, а исто така и во 1963-та по разорниот земјотрес во Скопје кога Полска повторно во солидарност со Република Македонија достави помош, како и денешната донација на голем број дози на вакцини Фајзер. Чест ми е што можам да кажам дека таа солидарност продолжува и денес. Република Полска ја покажува својата солидарност кон Република Северна Макеоднија на патот кон нејзиното членство во ЕУ. Чест ми е што и двете држави сме членки на НАТО и таму заеднички споделуваме и покажуваме солидарност. Но, нашата поддршка за Северна Македонија кон ЕУ продолжува и понатаму“ рече претседателот Дуда.