„Доколку побрзо влеземе во ЕУ, се очекуваат позитивни ефекти, но не очекувам катаклизмички ефекти доколку и не влеземе утре во ЕУ, ќе мораме да продолжиме да живееме и да работиме, и да се насочиме кон некои пазари кои сме ги запоставиле. Со некои компании разговараме, има простор и некогаш треба да се фокусираме и на регионалната соработка – вели Трајан Ангеловски, претседател на Сојузот на стопански комори за Трилинг.
Ангеловски вели дека „за краток период имаше големи шокови, скок на цените, но имам впечаток дека се навикнуваме, имаме алтернативни решенија. Во период на ценовни шокови мора да се менаџира со ладни глави, мора да постои излезна стратегија“.
„Ни недостасуваат инвестиции во енергетиката. Во најава е зголемување на цената на струјата, компаниите веќе го чувствуваат ударот. Монтажата на фотоволтаични панели, тоа е директен начин на кој може да се намалат сметките“ вели Ангеловски.