Алтернатива за утре ја пролонгира одлуката дали ќе биде дел од Владата
Иако првично беше најавено денеска во Тетово да се одржи седницата на Централниот совет на Алтернатива на која треба да се одлучува дали партијата ќе биде дел од Владата, истата се одложува за утре.
Од партијата појаснуваат дека пролонгирањето доаѓа поради денешните погреби на 45-те настрадани луѓе во сообраќајната несреќа во Бугарија.
„Седница на Централниот совет на Алтернатива ќе има во сабота во 18 часот во партиското седиште во Тетово“ изјави портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани.
Се чека одлуката на партијата предодена од Африм Гаши за тоа дали ќе биде дел од Владата, а одлуката ќе ја донесе највисокото партиско тело -Централниот совет.