„Меѓународните партнери продолжуваат да доаѓаат во Украина. И ова е важна манифестација на поддршка за нашиот народ. Денеска имам средба со премиерот на Албанија Еди Рама и со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ“.
Ова го објави претседателот на Украина – Володимир Зеленски на социјалните мрежи.
„Албанија, Црна Гора и Северна Македонија го поддржуваат доделувањето на кандидатски статус на нашата земја за членство во ЕУ. На овој европски пат нашите земји не се конкуренти, тие меѓусебно ги надополнуваат и зајакнуваат можностите. Еди Рама и Дритан Абазовиќ, ви благодариме за посетата и продуктивните разговори!“ – изјави Зеленски.
Тој напомена дека е благодарен на сите што ја усвоија заедничката изјава за поддршка за статусот кандидат на Украина за ЕУ.
„Руските воени криминалци да одговараат за она што го направија против Украина и против Европа. Се согласуваме дека ефективен тактички одговор на руската агресија треба да биде уште поголема помош за Украина. Седмиот пакет санкции треба да биде подеднакво чувствителен за државата агресор како и претходните шест земени заедно“ – рече тој.