Ако дотокот на руски гас остане низок, Германија тешко ќе ја оствари целта за складирање

Ако дотокот на руски гас низ гасоводот Сверен ток 1 во Германија на сегашното ниско ниво, тогаш можеби нема да може да ја постигне својата цел за складирање на гасот до ноември, предупредува во најновиот извештај германскиот регулатор за електрична енергија и гас .

Ако продолжи снабдувањето со гас на ова ниво, до ноември Германија теко ќе може да ги наполни своите магацини со 95 отсто од капацитетот, без дополнителни мерки, се вели во извештајот, во кој ситуацијата во енергетскиот систем во германија се оценува како „напната“.

Се додава дека намаленото снабдување со гас од Русија влијае на преносот на гасот во другите европски земји како Франција, Австрија и Чешка. Неколку градови во Германија воведоа мерки за рационализација.

Германскиот регулатор вели дека од петок протокот на гас од Северен ток 1 е на околу 20 отсто од капациетот, а вкупната попоплнетост на гермаснките магацини со гас е 70,4 отсто.

Во послендите неколку недели намалена е количината гас која дотекува преку Северен ток 1, а наводно причина за тоа е доцнењето на испораката на гасните турбини. Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела рече дека Русија го одложува преземањето на турбините и продолжувањето на нормалната работа на гасоводот.

Неколку градови во Германија воведе мерки за рационализирање на енергијата за да помогнат во побрзо полнење на резервите.