Адеми го изнесе својот став за иницијативата на Алтернатива за Асоцијација на албански општини

Арбер Адеми од ДУИ го посочи својот став околу иницијативата на Алтернатива за „Асоцијација на албански општини“ во Македонија.

Според Адеми, ова е патетично, антиамериканско и антиевропско решение и оди на штета на конечното решение на косовското прашање.

„Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивнa определба“, пишува Адеми.

Партијата Алтернатива предлага во Македонија да има иницијатива за “Асоцијација на мнозински албански општини“, исто како моделот кој се бара од Косово.