Дритан Абазовиќ – мандатарот за состав на црногорска Влада изјави за тамошните медиуми дека очекува СНП до недела да одлучи дали ќе биде дел од новата Влада. Абазовиќ рече дека важно е да има европско мнозинство кое ќе ги деблокира процесите.
Наведе дека граѓаните треба да ги почекаат изборите во Беране, Улцињ и уште 10 општини. Изјави и дека во овој момент е изнуден концептот за малцинска влада.
„СНП нема ништо против концептот, туку им треба одлука од партиските органи. Ќе разговараме со пратениците на ПзП и Миодраг Лекиќ. Секој нека одлучи што е најдобро. Ние ќе ја водиме нашата политика автономно“ – изјави Абазовиќ.
Тој вели дека СНП е важна во контекст на создавање мнозинство за деблокирање на процесот и создавање европско мнозинство.
„Очекуваме одлука за три дена. Не значи дека вратите им се затворени ако не го направат тоа“ – повтори Абазовиќ.
Потенцира дека „Црна Гора мора да оди напред“.