Џонсон со божиќна порака: Подаривме невидлив и бесценет подарок – вакцинација!

Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон во божиќната порака ги повика Британците да се вакцинираат против коронавирусот и на тој начин да направат неверојатен подарок за себе и за своите најблиски.

„После две години пандемија, не можам да ви кажам дека сме излезени од неа. За милиони семејства низ целата земја, се надевам и верувам дека овој Божик е и ќе биде значително подобар од минатиот. Ако ви треба поголема мисирка оваа година, ако имате повеќе зелка за сечење и повеќе садови за миење, тоа е подобро бидејќи овие ритуали се многу важни. А, ако оваа година купот стуткана хартија е повисок тоа е точно зашто си подаривме невидлив и бесценет подарок – вакцинација“ – рече премиерот Џонсон.

Во божиќниот говор тој додаде дека ако теоретски нема доволно време за купување подароци, секогаш има „нешто неверојатно што можете да му го дадете на вашето семејство и на целата земја, а тоа е да се вакцинирате, било да е тоа со првата, втора или бустер доза“.

Тој потсети дека „вакцинацијата не е потребна само на нас самите, туку и на нашите пријатели, нашето семејство и сите што ќе ги сретнеме“.