Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон изјави дека нема намера да поднесе оставка поради настани што се случија во канцеларијата и резиденцијата во Даунинг стрит за време на „локдаунот“.
Лидерот на Лабуристичка партија – Кир Стармер, го обвини Џонсон дека ја изменил својата приказна на тој начин го довел во заблуда Парламентот.
„Не го негирам тоа и поради различни причини многу луѓе сакаат да ме отстранат, но причината зошто Стармер сака да заминам е тоа што знае дека на оваа Влада може да и се верува“ – истакна Џонсон.
Полицијата во Британија соопшти дека ги истражува наводите за низата настани одржани во канцелариите на премиерот Борис Џонсон во Даунинг стрит за време на карантинот, откако добила докази од внатрешна владина истрага.
Кабинетот на Џонсон оспори дека била организирана забава, објаснувајќи дека група вработени кои тој ден биле на работа во резиденцијата на премиерот, накратко се собрале во кабинетот по состанокот за да му го честитаат роденденот на премиерот.