Ковачевски–Гир: Продолжуваат реформите, приоритет на новата Влада – евроинтеграциите

„Приоритети на новата Влада остануваат евроинтеграциите, како и преземање соодветни мерки за совладување на здравствената и енергетската криза, кои се глобален проблем“.

Ова му го кажа премиерот Димитар Ковачевски на евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната средба во Владата.

Евроамбасадорот Гир му упати честитки на премиерот Ковачевски по повод новата функција, изразувајќи позитивни оценки за актуелните чекори преземени од Северна Македонија и Бугарија.

На средбата било речено дека продолжуваат реформите и нивното динамизирање особено во областа на правосудството, борбата против корупцијата и криминалот и создавањето модерна и ефикасна администрација, како и политиките од Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор.