Јотова победи на изборите во Бугарија

При целосно обработен примерок од паралелното пребројување, со пресек до 20 часот по бугарско време, Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Влчев имаат поддршка од 57,4 отсто. Нивните противкандидати Андреј Ѓуров и Георги Кандев освоиле 39,6 отсто.

Илијана Јотова е победничка на претседателските избори во Бугарија, според резултатите од паралелното пребројување на агенцијата „Алфа рисрч“, објавени од Бугарската национална телевизија (БНТ).

При целосно обработен примерок од паралелното пребројување, со пресек до 20 часот по бугарско време, Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Влчев имаат поддршка од 57,4 отсто. Нивните противкандидати Андреј Ѓуров и Георги Кандев освоиле 39,6 отсто.

Разликата меѓу двете кандидатски двојки изнесува 17,8 процентни поени. За опцијата „не поддржувам никого“ се определиле три отсто од гласачите.

Податоците од паралелното пребројување на агенцијата не се официјални резултати на бугарската Централна изборна комисија.