Јотова во Скопје: Ако нема промена на Уставот, нема да правиме отстапки

„Бугарија нема да прави отстапки за договорите со Северна Македонија“.

Ова го порача бугарската потпретседателка, Ирина Јотова, која вчера на враќање од Косово допатува во Скопје на средба со претставници на бугарската заедница во Македонија.

Средбата се случуваше во зградата на бугарската амбасада во Скопје, а Јотова им се заблагодари на македонските Бугари за храброста да ја бранат, како што рече, својата бугарска самосвест.

„Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Северна Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори“, рече таа, пренесе Бнр.бг.