![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/05/e75u6ye5tw4re-750x430.jpg)
На седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата информациите се ќе се разгледуваат предлозите за нови уставни судии во земјава.
Владејачката коалиција ги предлага Љубомир Јовевски, Татјана Васиќ и Фатмир Скендер.
Опозицијата ги предлага Саво Климовски, Родна Живковска, Тодор Витларов и Бранко Секуловски.
На седница на Комисија ќе се утврдуваат предлозите.
Уставниот суд неколку месеци е безмалку блокиран и работи само со четворица судии.
Претседателката Добрила Кацарска повеќепати апелираше до Собранието да избере судии, а неколкупати поради немање доволно мнозинство се одложи и гласањето за некои иницијативи.