
Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на прес-конференција рече дека БЈБ работи на утврдување на околностите под кои осомничената Ива Михаилова успеала да избега во Бугарија.
„Ние работиме на тоа да дознаеме кој, како и што овозможил за дотичната личност да се најде онаму каде е“, рече Јанев.
Тој не соопшти дали досега се утврдени конкретни пропусти, ниту, пак, дали постојат сознанија за лица кои ѝ помогнале на Михаилова.
Михаилова е во Бугарија, а македонските институции треба да утврдат дали при нејзиното заминување имало пропусти во постапувањето.