Јанакиеска за домувањето на младите: Треба да се реобмисли целиот систем, младите треба да имаат можност и за скратено работно време

Потпретседателка на СДММ, Евгенија Јанакиеска гостува во вечерашното издание на Трилинг.

Според Јанакиеска младите не се запознаени со законот за домување.

На прашањето „Каков е пристапот на младите до квалитетно домување“, таа вели дека има различни подгрупи тука.

Младите се една група во која има голем број подгрупи. Пред се најголемата, која се соочува со проблемот на пристапно домување се студентите, но освен нив тука се и останатите групи на луѓе, поточно сите граѓани до 29 години, започна таа.

На прашањето „Што поздразбирате под квалитетно и безбедно домување“ таа го објасни овој термин.

Безбедно домување значи дека младите нема да се грижат дали по волјата на сопственикот ќе бидат следниот ден избркани од станот. Квалитетно значи какво треба да биде домувањето, продолжува таа.

Јанакиеска се осврна и за тоа дека младите додека студираат треба да имаат можност за скратено работно време.

Целото интервју може да го погледнете во продолжение.