Во недела во Германија ќе се одржат претседателски избори, а покрај актуелниот шеф на државата – Франк-Валтер Штајнмаер има уште тројца кандидати.
Штајнмаер е фаворит на изборите, на кои со свои кандидати настапуваат Линке, АфД и партијата Слободни гласачи (Freie Wahler).
Се друго освен победа во првиот круг на Штајнмаер би било големо изненадување.
Десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го номинираше Макс Оте, политичар од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), додека поранешната членка на ЦДУ, Стефани Гебауер е кандидирана од Слободни гласачи.
Левичарската партија Линке го номинираше Герхард Траберт, кој досега не бил член на ниту една партија.
Претседателот не го избираат граѓаните, туку за него одлучуваат 1.472 гласачи, кои ги именуваат партиите. Тие не мора да бидат пратеници, туку мора да бидат именувани од парламентарните партии.
Најголемиот блок го претставуваат ЦДУ со 446 гласачи, а Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 389.
Претседателот на Германија нема големи ингеренции, тој може да одбие да потпише закон, да предложи кандидат за канцелар и да го распушти Парламентот.