Отишол во продавница да купи месо, се вратил со 100.000 долари

Семејството од Мериленд имало луда среќа.

Неименуван маж отишол во продавницата, сопругата го испратила да купи пилешко месо, а тој патем купил и грепка од тамошната лотарија.

Вечерта, додека го консумирале пилешкото тој ја изгребал грепката и видел дека има добивка. Сепак не бил сигурен колкава е сумата.

Мислел дека се работи за околу 10 долари – колку за враќање на потрошените пари. Проверил преку апликацијата на Лотаријата во сојузната држава Мериленд и сфатил дека освоил 100.000 долари.

Следувала прослава, а парите семејството ќе ги потроши за летен одмор, враќање на долгови, поправка на домот…