Шефот на „Нвидија“ не е единствениот. Четири познати директори кои се вратија по заминувањето

Јенсен Хуанг се врати на чело на „Нвидија“ (Nvidia) само 11 дена по поднесувањето на оставката, но тој не е првиот извршен директор на голема технолошка компанија кој се вратил откако бил отпуштен или си заминал. Слични враќања направија и раководителите на OpenAI, Apple, Disney и Twitter.

Јенсен Хуанг се врати на чело на „Нвидија“ (Nvidia) само 11 дена по поднесувањето на оставката, но тој не е првиот извршен директор на голема технолошка компанија кој се вратил откако бил отпуштен или си заминал. Слични враќања направија и раководителите на OpenAI, Apple, Disney и Twitter.

Сем Алтман – OpenAI (четири дена)

Коосновачот на OpenAI, компанијата што го разви ChatGPT, беше отпуштен во ноември 2023 година откако одборот на директори објави дека не бил „доследно искрен“ во комуникацијата со нејзините членови.

Потоа Алтман доби понуда за работа во Microsoft, додека вработените во OpenAI се заканија со масовни отпуштања ако компанијата не го врати. Одборот на директори наскоро се согласи на неговото враќање.

Стив Џобс – Apple (10 години)

Стив Џобс беше ко-основач на Apple во 1976 година, но ја напушти компанијата во 1985 година по конфликт во менаџментот со тогашниот извршен директор Џон Скали.

Десет години подоцна, Apple се соочуваше со сè посилна конкуренција од Microsoft. Џобс се врати во 1996 година, кога Apple ја купи неговата компанија NeXT, а следната година повторно го презеде раководството на Apple.

Боб Игер – Disney (11 месеци)

Боб Игер се пензионираше од Disney во декември 2021 година, но се врати како извршен директор помалку од една година подоцна.

Во тоа време, Disney се справуваше со голем пад на цената на акциите и загуби од својата стриминг платформа Disney+. Игер се согласи повторно да ја води компанијата две години, сè додека не се најде неговиот наследник.

Џек Дорси – Twitter (три години до првото враќање)

Џек Дорси беше отстранет од функцијата извршен директор на Twitter во 2008 година, долго пред Илон Маск да ја купи социјалната мрежа и да ја преименува во X.

Тој се врати во компанијата во 2011 година како извршен претседател на одборот на директори, а во 2015 година повторно ја презеде позицијата главен извршен директор.