Првпат над 200.000 новозаразени со коронавирус во еден ден во Германија.
Германскиот Институт за заразни болести „Роберт Кох“ соопшти за 203.136 позитивни тестови во последните 24 часа, што е за 69.600 случаи повеќе отколку истиот ден пред една недела.
Седумдневната инциденца на 100.000 луѓе се искачи на 1.017 од 941 претходниот ден, додека 188 лица починаа.
Германските пратеници вчера дебатираа дали да се воведат задолжителни вакцини против Ковид-19 додека демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот.
Околу 75 отсто од германското население примило најмалку една доза од вакцината, што е помалку отколку во другите западноевропски земји како Франција, Италија или Шпанија.