Хорор во Сплит, маж ја претепал и ја силувал сопругата пред нивното дете

Триесет и тригодишен сплитанец е задржан во истражен затвор откако наводно ја претепал и силувал сопругата пред нивното дете, соопшти Жупанискиот суд во Сплит.

Кривичната пријава го товари сплиќанецот дека на 15 февруари нападнал жена во станот во кој живее со нивниот син, пишува Дневник.хр.

Во тужбата се наведува дека ја удирал и ја влечел за коса и „за да го задоволи својот сексуален нагон со употреба на сила без согласност на жртвата извршил сексуален чин изедначен на сексуален однос“.

Нивното дете било сведок на насилството.

На сплитчанецот му е изречена мерка притвор за да не влијае врз жртвата и сведокот, во случајов неговиот син, што го побара Жупаниското државно обвинителство. За ова кривично дело е предвидена затворска казна од три до 15 години.