Фудбалерка убиена од сопругот, тој потоа се самоубил, а се се одвивало пред очите на децата

Аргентинската фудбалерка Флоренс Гуиназа била претепана, па убиена од нејзиниот сопруг, кој потоа и самиот си го одзел животот.

Според информациите од аргентинските медиуми, настанот се случил во нивниот дом додека во куќата биле и нивните деца.

Пред да си го одземе животот, сопругот Агустин оставил порака на прозорецот на која пишувало: „Повикајте полицијата, децата се сами“.

Децата се на возраст од 5 и 7 години.

Кога соседот пристигнал во куќата, седумгодишното момче играло на својот Плејстејшн, во нивната соба не можело да се влезе бидејќи била заклучена.