Нов в.д директор на ЈП „Градски Паркинг” – Скопје, од денеска е Филип Пасху, соопштија од Град Скопје, од каде информираат дека станува збор за магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија.
„Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД Енергетика Скопје, заменик директор на ЈП Градски Паркинг, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие“ – велат од Град Скопје.
Истовремено, Зуди Енузи Кока е назначен за нов в.д. директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.
Како што соопштија од Градот, Зуди Енузи Кока е дипломиран правник и докажан менаџер во деловниот свет, кој своите компетенции ќе ги стави во функција на успешно водење на претпријатието.