
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на социјалната мрежа Х најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка, за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија, наведува СДСМ во соопштение.
Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста.
-СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ. Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси.
Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника.
Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија.
-Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, посочи Филипче.