Украина прибира дигитални докази за руски воени злосторства

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, наредил интензивирање на активностите за обработка и складирање информации поврзани со потенцијални тешки прекршувања на меѓународното хуманитарно право за време на воените активности во земјата.

Тоа на социјалната мрежа „Икс“ го напиша украинскиот правник, експерт за меѓународно кривично право и активист за човекови права Гундуз Ајдиновиќ Мамедов.

„Координацијата на оваа иницијатива ќе ја обезбеди Службата за спроведување на законот и военоправните работи на украинските вооружени сили“, додаде Мамедов.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија за нападите врз Украина само во изминатите два дена употребила 1.567 дронови и 56 различни типови ракети.