
Турција нема да дозволи нов прилив на бегалци од Сирија по разорниот земјотрес, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Не се точни тврдењата дека од Сирија доаѓа нов бегалски бран во Турција, тоа нема да го дозволиме, не доаѓа предвид, изјави Чавушоглу на прес-конференција во Анкара.
Повеќе од 36.000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот погоди делови од Турција и Сирија.
Хуманитарната помош стигнува до бунтовничките области во Сирија преку граничниот премин Баб ал Хава со Турција.
Анкара е подготвена да отвори уште два нови гранични премини од провинцијата Килис, рече Чавушоглу.
„Сите тие гранични премини се за хуманитарна помош. Тоа не значи дека преку нив Сиријците пристигнуваат во Турција“, додаде тој.
„Ние ја олеснуваме испораката на хуманитарна помош во Сирија, но не дозволуваме нов прилив на бегалци. Тоа се две посебни прашања“, изјави шефот на турската дипломатија,пренесе Индекс.хр.