Една третина од лицата постари од 65 години, кои во 2020 година се заразиле со Ковид-19, се развил барем еден нов или траен здравствен проблем – покажува мериканска студија, објавена во Бритиш медикал џурнал (British Medical Journal).
Тоа се однесува на состојбата поврзана со главните телесни органи и состави, меѓу нив и срце, бубрези, бели дробови и црн дроб, како и на компликации со менталното здравје.
Истражувањето било спроведено врз околу 133.000 Американци постари од 65 години, а заразени со коронавирус во 2020 година.
Студијата за зачестеноста и сериозноста на последиците (нови здравствени состојби), по инфекција од Ковид-19, меѓу постарите од 65 години, покажува дека речиси секој трет пациент, кој заболел од Ковид-19, побарал лекарска помош, најмалку три недели по дијагнозата, поради нов или траен здравствен пробле.
Кога состојбата на пациенти заболени од коронавирус, се спореди со таа на лица претходно заразени со други вируси, како на пример, грип, се покажа дека новите здравствени проблеми со респираторна инсуфициенција, деменција, замор, се почести по заболување од Ковид-19.