Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска е прогласен за виновен за сексуален напад врз новинарката и писателка Е.Џин Керол, која против него поднесе граѓанска тужба.
Поротата во судот во Њујорк, составена од шестмина мажи и три жени, нареди Трамп да ѝ плати на жртвата отштета од пет милиони долари, пренесува „Гардијан“. Во пресудата, поранешниот претседател на САД законски е прогласен за „сексуален предатор“.
Трамп негираше дека ја силувал писателката во средината на 90-тите во продавница на Менхетн.
Околу три милиони долари отштета ѝ се доделени на Керол за сексуалното малтретирање, а речиси три милиони – за клеветите од Трамп, за тоа што тој ја нарекуваше жртвата „лажливка“ и нејзините обвинувања „измамничка работа“.
Со оглед на тоа дека пресудата е донесена во граѓанска тужба, поранешниот претседател нема да оди во затвор, а реперкусиите се исклучиво финансиски.
Но, пресудата може да има големо влијание врз намерата на Трамп да биде републикански кандидат на следните претседателски избори во земјата во ноември 2024 година.