Талески спроведен во затвор

 

Талески,поранешниот градоначалник на Битола започна со издржување затворска казна за ,,Транспортер”.Синоќа бил спроведен во затворот во Прилеп.Тој беше во домашен притвор три години, а во меѓувреме земаше плата од битолскиот народен  театар каде е вработен како глумец.

Случајот ,,Транспортер” за кој е осуден екс градоначалникот и уште 20 лица се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.Направена е проневера на околу 360.000 евра. Поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) го отвори овој случај во април 2016, додека Талески беше градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелациониот суд во Скопје на 28 декември му ја намали казната од осум на седум години затвор, па  му остануваа уште четири години за одлежување.