Судот во Кочани одби Михаилова да се појави со видео-конференција на рочиштето

Судот во Кочани го одби барањето на бегалката Ива Михилова, таа да се вклучи преку видео-конференциска врска на рочиштата на која и се суди. По гостувањето во поткаст, во кое наведе серија навреди кон Македонија и обвинувања за дискриминација кон неа, 23-годишната Ива Михаилова, даде интервју за Бугарската национален телевизија (БНТ) во кое, исто така изнесе сериозни обвинувања за психичко малтретирање следење и нелегални претреси од страна на македонските полициски служби додека престојувала во Кочани.

Судот во Кочани го одби барањето на бегалката Ива Михилова, таа да се вклучи преку видео-конференциска врска на рочиштата на која и се суди. По гостувањето во поткаст, во кое наведе серија навреди кон Македонија и обвинувања за дискриминација кон неа, 23-годишната Ива Михаилова, даде интервју за Бугарската национален телевизија (БНТ) во кое, исто така изнесе сериозни обвинувања за психичко малтретирање следење и нелегални претреси од страна на македонските полициски служби додека престојувала во Кочани.

Против Михаилова која избега во Бугарија, во Основниот суд во Кочани се води судска постапка за сообраќајка со смртни последици. Таа во изјава за БНТ информираше дека нејзиниот адвокат веќе доставил барање до кочанскиот суд да се овозможи таа да учествува на следното рочиште, закажано за денеска, преку видеоконференциска врска.

Според информациите на БНТ, која го следи рочиштето во Кочани, обвинителот Игорчо Крстов се спротивставил на барањето на Михаилова, оценувајќи дека обвинетата може лично да се појави во судницата и да учествува на главната расправа, како што беше случајот на претходните рочишта. Обвинителот навел дека, со оглед на фактот оти Михаилова не ги почитувала мерките за обезбедување присуство и намерно и свесно избегала, самата решила постапката да се води без нејзино присуство.

По даденото мислење од обвинителот, судот донел одлука со која го одбил барањето на Ива Михаилова како неосновано.

Што се однесува до нејзиното интервју за бугарската национална телевизија, како и во поткастот и во него новинарот не ја праша, а и таа не кажа како излегла од Македонија и влегла во Бугарија, имајќи предвид дека во рамките на судскиот процес и беа одземени двата пасоши – македонскиот и бугарскиот – и имаше обврска да се јавува во суд.

Фокусот на интервјуто на Бугaрската национална телевизија главно е ставен на нејзините повреди, лекувањето и наводите дека била дискриминарана во Македонија поради тоа што се изјаснила како Бугарка, како и очекувањата од судскиот процес што се води против не за сообраќајката.

Опишувајќи ја својата здравствена состојба по враќањето во Бугарија пред три-четири недели, Михаилова посочи дека веќе започнала со рехабилитација, но оти сè уште не е познато колку долго ќе трае целиот процес.

Според нејзините тврдења, периодот од една година во кој не ја добила потребната медицинска нега во Кочани оставил трајни последици.

На рочиште во судот во Кочани закажано за денеска предвидено е разгледување на две вештачења изготвени од страна на одбраната на Михаилова.

Таа тврди дека наодите од овие експертизи ја потврдуваат нејзината невиност во однос на сообраќајната несреќа за која се терети.
„И двете експертизи ја покажуваат мојата невиност и ги нотираат трагите од другото возило во мојата коловозна лента. Сè се гледа многу јасно и се надевам дека вистината на крајот ќе победи“, вели Михаилова.

Инаку, БНТ со големо внимание го следи судскиот процес. На веб-страницата на државната бугарска телевизијата со повеќе вести во низа се пренесуваат случувањата од денешното рочиште во Кочани.

Рочиштето во Основниот суд во Кочани, како што пренесе телевизијата започнало со сослушување на вештото лице Винко Гаица, кој досега изготвил над 6 000 сообраќајни вештачења во Македонија. Врз основа на сите собрани докази, фотоалбумот и записникот од увидот, Гаица е категоричен дека сообраќајката се случила откако возилото „рено“ преминало во лентата на автомобилот „фолксваген“, со кој управувала Михаилова.
Според неговата анализа, на местото на судирот се утврдени остатоците од искршено стакло и течности, кои се заведени, но не биле опишани во скицата кон протоколот.
„Методологијата по која го направив овој заклучок е дел од сите правила за анализа во ЕУ и САД и целосно се совпаѓа со компјутерските модели. Ова е типичен челно-ексцентричен удар каде што потешкото возило ‘рено’ се ротирало за повеќе од 50 степени, додека полесниот автомобил на Ива се отклонил за само 8 степени и запрел десно во својата лента“, појаснил вештакот Гаица пред судот.

На самиот почеток на расправата било соопштено дека за Михаилова е издадена наредба за 30-дневен притвор откако ја напуштила земјава. Судот подоцна го прекинал рочиштето за да се запознае со нејзиното барање за онлајн-вклучување доставено во 11:45 часот, додека обвинителот побарал дополнително медицинско вештачење за нејзината состојба, користејќи ги и нејзините објави на социјалните мрежи. Во продолжението, по даденото мислење од обвинителот, судот донел решение со кое го одбил како неосновано барањето на Михаилова.