Претседателот на бугарската фондација „Македонија“ – Виктор Стојанов со закана до Македонците од Пустец, ги предупреди ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.
„До сите жители на општина Пустец, Албанија: `Доколку сега на пописот не се пријавите како етнички Бугари, во најкус можен рок ќе ви бидат одземени бугарските државјанства, а доколку сте во постапка – веднаш ќе ви бидат прекинати процедурите. Веќе имаме еден таков случај. Размислете“ – им порача Стојанов.
Претходно, како засилена бугарска пропаганда врз Македонците во Албанија, тамошните македонски здруженија ја оценија посетата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова.