
ССМ: Македонија е меѓу најлошите држави во светот за работниците
Од Синдикатот велат дека „и оваа година забележано е формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт“.
Од Сојузот на синдикати на Македонија – (ССМ) велат дека „Наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година – Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците”, во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на работниците или на претпоследното место , но за разлика од минатогодишниот извештај, оваа година и со вклучени обсервации на сериозни дополнителни прекршувања на правата на работниците и синдикатите и влошени состојби кои резултираа со големи работнички протести, а сето тоа отварајќи го патот Република Македонија полека, но сигурно да се приближува до срамното последно место (5- тото место е за државите каде што работниците немаат гарантирани работнички права), што е за очекување со односот на власта и работодавачите, а со тоа и свесно туркање на Македонија со држави кои покажуваат очајни резултати кога станува збор за положбата на работниците и нивните права и слободи меѓу кои и оние права на слободно синдикално здружување, кое нешто нашата држава не смее да си го дозволи“.
Од ССМ на Фејсбук пишуваат дека „во воведниот дел од Извештајот, на прво место е нотиран срамниот настан кој се случи во месец февруари, 2026 година и тоа по одржување на еден од најголемите работнички протести во поновата историја на Република Македонија, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и со учество на илјадници работници кои се охрабрија и се придружија на синдикалните претставници на улица, протестирајќи за зголемување на своите плати, и тоа настанот кога Претседателот на ССМ и неговото семејство беа цел на следење преку објавување на снимки од нивниот приватен живот објавени на социјалните медиуми, а сето тоа од страна на пратеници на владејачката политичка партија кои наместо ваквото срамно дејствување, треба да вршат улога на народни претставници, кое нешто е оценето како грубо кршење на правото на приватност, особено ако се има предвид дека во снимките се вклучени малолетни деца и членови на семејството кои немаат никакво улога во синдикалните активности на Претседателот на ССМ нотирани се како голем прекршок“.
Од Синдикатот велат дека „и оваа година забележано е формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт“.