
Српски медиуми – Ќе биде уапсена гувернерката на Народна банка на Србија (Јоргованка Табаковиќ) поради тоа што не спречила извлекување пари од Алта банка
Јоргованка Табаковиќ, гувернерката на Народната банка на Србија, наскоро ќе биде уапсена под сомнение дека не спречила извлекување пари од Алта банка, објавија српски медиуми кои се повикуваат на извори во судството.
Јоргованка Табаковиќ, гувернерката на Народната банка на Србија, наскоро ќе биде уапсена под сомнение дека не спречила извлекување пари од Алта банка, објавија српски медиуми кои се повикуваат на извори во судството.
Во продолжение на акцијата за сузбивање на кривичните дела против висока корупција, полицајци наскоро ќе ѝ стават лисици на Јоргованка Табаковиќ по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал под сомнение дека не спречила одлив на пари од Алта банка. Собирањето докази е на самиот крај – открива изворот.
Табаковиќ била предупредена неколку дена пред да ѝ биде одземена лиценцата на Алта банка дека од банката се префрлаат пари и дека е потребно да се воведе итно надзор.
Соговорниците на Nova.rs наведуваат дека е малку веројатно Табаковиќ да не знаела што се случува и дека мора да одговара.
Обвинителството покрена истрага откако дозна за одливот на средства од сметката на оваа банка во странство и веднаш испрати барање до Народната банка на Србија за собирање на потребните информации и податоци за сите трансакции направени во странство во периодот од 27 септември.
На 30 октомври 2026 година, Јавното обвинителство за организиран криминал достави до Министерството за внатрешни работи на Србија, Службата за борба против организираниот криминал, барање за проверка на работењето на „Алта банка“ а.д. Белград, како и одговорни лица во Народната банка на Србија, во врска со можни одливи од сметката на „Алта банка“ а.д. Белград и трансфери на пари во странство.
Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, кој беше уапсен под сомнение дека ја оштетил банката за околу 380 милиони евра, денеска ќе биде сослушан во Јавното обвинителство за организиран криминал. По сослушувањето ќе се знае за што точно се товари и дали обвинителството ќе предложи мерка притвор. Во наредниот период ќе бидат сослушани и другите две уапсени лица од Алта банка.