
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут.
– Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша Мицкоски на Фејсбук.

На средбата, како што пишува Мицкоски, е потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион.
На аеродромот во Охрид, српскиот премиер го пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.