Србите пак со блокади на патиштата против рудникот за литиум „Рио Тинто“

Во организација на Здружението на еколошки организации на Србија денеска има нови блокади низ земјата во знак на протест против ископот на литиум и проектот „Јадар“ на компанијата „Рио Тинто“.

Во Белград и во Нови Сад имаше помали инциденти, кога возачи чии возила беа запрени поради блокадата се обидоа вербално, а некои и физички да се пресметаат со демонстрантите.

Еколошките организации еден час го блокираа и патот Белград-Ужице-Златибор кај Ложнички мост, како и мостот во Шабац.

Блокирана беше и Ибарската магистрала во Прељина и главниот пат Шабац – Лозница – Мали Зворник.

Организаторите на блокадата за следната недела најавија радикализација на протестите против експлоатацијата на литиумот во Србија.