Спречен е атентат врз претседателот Зеленски
Официјална потврда доби веста дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е означен како цел на атентат.
Странските медиуми јавија дека елитните единици на чеченската паравојска се обиделе да го убијат Зеленски, но нивниот обид бил спречен.
„Обидот за атентат е спречен“ – изјави Алексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.
Елитна група Чеченци пристигнала во Киев за да го убијат украинскиот претседател, но не се познати деталите од настанот, ниту тоа колку блиску успеале да дојдат до претседателот Зеленски.
An assassination attempt on Volodymyr Zelenskyy, prepared by an "elite group of Kadyrovtsi (Kadyrov's thugs)," has been prevented in Kyiv Oblast, @NSDC_ua secretary Oleksiy Danilov said. They were terminated.
— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) March 1, 2022