
Славески за Н1: Преносот на пари меѓу држави сам по себе не значи сомнителна активност
Преносот на пари од една во друга држава сам по себе не укажува нужно на сомнителна активност, изјави вчера гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за српската телевизија Н1, одговарајќи на наводите за префрлање средства од Србија кон Скопје и Москва.
Преносот на пари од една во друга држава сам по себе не укажува нужно на сомнителна активност, изјави вчера гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за српската телевизија Н1, одговарајќи на наводите за префрлање средства од Србија кон Скопје и Москва.
„Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен“, изјави Славески.
Според него, Народната банка на Македонија континуирано ги следи работењето на банките, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици и презема мерки во рамките на своите надлежности кога е потребно.
Гувернерот објасни дека прекуграничните финансиски текови се вообичаен дел од економските активности: компаниите плаќаат странски добавувачи, банките извршуваат трансакции за клиентите, а инвеститорите вложуваат на домашни и меѓународни пазари. Тој посочи дека и Македонија бележи приливи и одливи на капитал.
За конкретните наводи поврзани со Србија, Славески наведе дека тамошната централна банка веќе се огласила и дека македонската Народна банка нема да коментира непроверени тврдења за банкарскиот систем на друга земја.
Реакцијата следуваше по обвинувањата за наводни трансфери преку Алта банка по парламентарните избори во Србија на кои режимот на Александар Вучиќ загуби од Студентската листа.
Откако синоќа Народната банка на Србија ѝ ја одзеде лиценцата на Алта банка, која пред една година ја купи Стопанска банка Битола, СДСМ преку соопштение побара Обвинителството да поведе постапка против премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот Трајко Славески. Изјавата на Славески е дадена пред српската народна банка да ја внесе Алта банка во стечак со објаснување дека банката се соочува „со значително влошување на финансиската состојба и загрозување на интересите на депонентите“.