Скопје во чад, голем пожар во населбата Илинден

Скопјани се жалат на чад од голем пожар. Според првичните информации кои ги објави МКД.мк гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден, а густиот чад се гледа и од Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов вели дека е запалена трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

Од бројот за итни случаи 112 во ЦУК велат дека пожарот зафатил голем простор и се шири кон Арачиново и дека ќе треба повеќе време за да се ликализира и изгаси.

Денеска има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои се изгасени само 3, а 9 уште се активни.