Скепса кон ефектите од замрзнатите цени

БИЗНИС И ЕКСПЕРТСКАТА ЈАВНОСТ СО РЕЗЕРВИРАНОСТ ЈА ПРИМИЈА  ОДЛУКАТА ЗА ВРЕМЕНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

Соговорниците од менаџментот во две компании кои се најголемите производители на месни производи и масло за јадење не упатија на заедничка реакција преку Стопанската комора на Северна Македонија.

Висок функционер на оваа бизнис асоцијација неофицијално вели дека секоја непазарна мерка е против интересите на компаниите и кријат голема опасност за пореметување на пазарната конкуренција, па и можен прекин на снабдувањето, особено со увезените прехранбени артикли. Мерките немаат ни гарнатен фонд преку кој ќе се олаеснат загубите во трговската размена со странство но и ќе ги покрие можните загуби во услови на енергетска криза.

Консултираните експерти се сомничеви и кон спроведливоста и праведноста на ваквото замрзнување на дел од производите.

Мерките се популистички и може да предизвикаат пореметување во снабдувањето, коментира професор од еден приватен универзитет.

Професорот на Економскиот факултет на Штипскиот универзитет, проф. д-р Дарко Лазаров, смета дека мерката на Министерството за економија за замрзнување на цените на одредени продукти може да има негативен ефект врз економијата.

„Одлуката за евентуално замрзнување на цените на некои производи е типично не пазарна мерка која може да предизвика негативно влијание врз понудата на тие производи. Владата има други механизми да го ублажи ценовниот шок на краток рок преку поддршка на производителите на прехранбени производи со цел компензирање на загубите од порастот на цените на суровините и порастот на цените на енергенсите кои се очекува во наредниот период, ценовен шок. Она што е многу поважно е креирање на правилни економски политики кои ќе ја поттикнат економијата и стандардот на граѓаните на среден рок. Потребно е фокусот да се стави на развојната компонента на економија преку креирање на технолошки, образовни и иновациски политики за поддршка на конкурентноста на приватниот сектор и пораст на продуктивноста. Она што е многу поважно е креирање на правилни економски политики кои ќе ја поттикнат економијата и стандардот на граѓаните на среден рок. Потребно е фокусот да се стави на развојната компонента на економија преку креирање на технолошки, образовни и иновациски политики за поддршка на конкурентноста на приватниот сектор и пораст на продуктивноста“ – оценува за „Трилинг“ професорот Дарко Лазаров, од УГД.

Универзитетескиот професор и извршен директор на Македонија 2025 Никица Мојсоска – Блажевски со став:

Политиката за замрзнување на цени е средство кое треба да се употребува ретко, само во исклучителни случаи. Целта е да се заштити животниот стандард и да се спречи евентуална спирала на пораст на цени. Политиката е оправдана, но на краток рок, доколку опфати само мал опсег на производи (само оние кои се неопходни производи, кои ги конзумираат посиромашните граѓани), а многу е важно и нивото на кое се замрзнати цените. Последното е важно зошто ако цените се на ниско ниво на кое компаниите не остваруваат профитабилност (или остваруваат загуба) тогаш ќе се јави недостиг на производот. Доколку нема производ тогаш бескорисно е што цената е ниска. Значи, апелот е внимателно да се користи овој инструмент”.

Засега само Србија и Северна Македонија донесоа одлуки за замрзнување на дел од прехранбените производи.

Министерот за економија Крешник Бектеши овој владин чекор првпат го обелодени во тв интервјуто за „Трилинг“, во петок навечер.

Засега владината одлука ја поздравија од Сојузот на синдикати. Во блиц анкетите потрушувачите изразуваат неизвесност околу можната спирала на покачување на цените поради енормниот пораст на енергенсите на светските пазари.

Народната Банка во неколку наврати оценуваше дека и покрај порастот на инфлацијата од околу три насто, курсот на денарот е стабилен.